Новак Ѓоковиќ продолжува да го подобрува својот рекорд, Србинот сега има 39 АТП Мастерс титули откако славеше над Карлос Алкараз во финалето во Синсинати.
Љубителите на тенисот уживаа во спектакуларен меч, еден од подобрите во последно време, битката на теренот траеше речиси 4 часа.
Карлос Алкараз го доби првиот сет со 5-7, потоа имаше меч топка во вториот сет, но Новак Ѓоковиќ покажа зошто е голем шампион, се спаси и го доби вториот сет со 7-6 во тај-брејк.
Решавачкиот дел од мечот донесе голема борба буквално за секој гем, а двајцата тенисери со по еден направен брејк влегоа во нов тај-брејк. Во него, Ѓоковиќ покажа искуство и зрелост, одигра маестрално и веднаш ја искористи првата меч-топка за огромна радост. Со ова тој влезе во историјата на мастерсот во Синсинати како највозрасен победник со 36 години, со што го урна досегашното најдобро остварување од 1970 година.