Спејсек, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Илон Маск, на платформата Икс соопшти дека тимот за лансирање „го одложи обидот“ поради непостојаните температури на метанот пред полнење.
Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенското летало без екипаж е закажан за четврток во 01:05 часот по источноамериканско време, пренесува Ројтерс.
Вселенското летало Одисеј, изградено од компанијата „Интуитив машинс“, се подготвува за мисија чија цел е да го изврши првото американско слетување на Месечината по последната мисија Аполо пред половина век.
Лансирањето исто така ќе го означи првото патување до Месечината во рамки на програмата Артемис на НАСА, бидејќи САД имаат за цел наскоро повторно да испратат астронаути на природниот сателит на Земјата пред Кина да го стори тоа.