четврток, 12 септември 2024

Спасено семејство кое на Матка одеднаш се нашло опкружено со надојдена водa

Попладнево под браната на Матка, на реката Треска, се одвивала драма. Откако биле одвртени вентилите на браната за потребите на електро-енергетскиот систем, едно семејство, татко, мајка и нивниот  син, одеднаш се нашле на парче земја додека околу нив надоаѓала вода.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Еден од очевидците кои биле во близината, за МКД.мк рече дека веднаш се досетиле оти треба да пријават на единствениот број за такви ситуации – бројот 112, и да побараат помош. Биле уверени дека тим специјализиран за вакви ситуации е веќе тргнат кон местото каде се одвивала драмата.

Но, ситуацијата станувала сè посериозна, затоа што животот на детето бил загрозен па неколку храбри поединци пришле на помош и семејстсвото било извлечено на безбедно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ