„Вчера по пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11-ти кат во објект во изградба, нашиот тим на заловувачи Зоран и Магдалена херојски се качија на тој кат за да спасат куче, кое според пријавата од граѓаните било заглавено повеќе од 4 дена.
Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори да ѝ најдеме дом на Лора,
Ова херојско дело заслужува голема пофалба, им благодариме на Зоран и Магдалена за брзата и хумана реакција“, велат од Лајка. Видеото од акцијата за спасување може да се види преку следниот линк: