понеделник, 14 октомври 2024
Став на познат албански аналитичар и политичар

Спахиу: Курти се обидува да ја урне Владата во Македонија, откако тоа не му успеа во Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Спахиу во интервју за гледаната телевизија Еуроњус Албанија на прашањето од новинарката зошто косовскиот премиер Аљбин Курти отиде во Македонија на настани од само локален карактер и во неофијален ангажман, Крешник Спахиу рече дека Курти се обидува да направи сојуз со опозиција.

„Откако се обиде да ја урне владата на Тирана, тој се обидува да ја урне и владата во Скопје. Аљбин Курти знаеме, ‘влезе’ на изборите во Тирана, отворено бараше власт во Албанија, ама ‘излезе’ со 300 гласа. Увидувајќи дека не успеа зашто практично немаше поддршка од гласачите во Албанија, Курти се обидува да создаде политички конфликт правејќи сојуз со опозицијата во Северна Македонија“, нагласи Спахиу.

Тој уште додава дека не е законски забрането да прави сојуз со Сали Бериша (поранешен албански премиер и опозициски лидер, н.з.) или со опозицискиот фактор во Македонија, но додава дека од албански национален интерес би било добредојдено да се прави сојуз со сите партии.

„Самоопределување, таканаречената патриотска партија на Курти, мора во својата основа да има натпартиски елемент, албанизам, сојуз со сите Албанци. Без разликадали станува збор за социјалистичка или демократска партија, без оглед дали станува збор за владејачка или опозициска“, додаде Спахиу и рече дека за делби има многу простор, покрај во Македонија, и Црна Гора и во регионот на Прешево што, според него, и се случува.

Инаку, Спахиу во својата кариера бил на високи позиции во албанското правосудство,бил и судија, професор по кривично право на Универзитетот во Тирана, во еден период бил на чело на Канцеларијата за заштита на граѓаните, потоа и на Транспаренши интернешнл Албанија. Спахиу води и своја адвокатска канцеларија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ