среда, 11 декември 2024

Советниците на ДУИ во Општина Тетово ја напуштија седницата за покривање на загубите на ЈКП Тетово

Предлог-одлуката за покривање на финансиските трошоци и загубите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ беше причина за политичко несогласување во Советот на Општина Тетово што резултираше со напуштање на денешната седница на советничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Објавено на

часот

Сподели

Нивната забелешка беше дека во материјалите за седницата нема доволно образложение за ваквиот потег.

„Секоја година ветувате дека ќе се покријат загубите на комуналните претпријатија, никогаш не сте го одржале зборот и милиони евра имаат земено“, рече советникот Лиридон Диша.

Градоначалникот Биљал Касами побара поддршка за предлогот, но додека зборуваше советниците од ДУИ си заминаа од седницата.

„Со оваа одлука ќе овозможиме околу 200 работници да добијат четири плати и придонеси за 2024 година. Со тоа во 2025 година ќе имаат редовни примања“, рече Касами.

Советникот Ратко Давидовски рече дека потегот на ДУИ е политички маркетинг.

„Се исполитизира оваа одлука, а 90 отсто од вработените се нивни луѓе. Ова е само една хумана одлука со која ќе помогнеме вработените да добијат плати и придонеси“, рече Давидовски.

Потоа Советот со мнозинство гласови ги усвоите двете одлуки.

„Донесовме одлука да се покријат трошоците на ЈКП Тетово со 9 милиони денари за префрлување на останатиот отпад од привремена станица Тетово до депонија Русино. Втората одлука е покривање на загубите на ЈКП Тетово во висина до 60 милиони денари за четири плати и придонеси 2024 година“, рече Наим Исмаили, претседател на Советот.

Советот на Општина Тетово донесе одлука со која на граѓани како компензација им се додели државно земјиште на излез од градот кон Сараќино, затоа што тие отстапиле приватно земјиште за изградба на новиот објект на средното стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ