понеделник, 15 април 2024

Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат – половина милијарда евра инвестиции во инфраструктурата

Објавено на

часот

Сподели

„Она што треба сега да се стори, веднаш и верувам дека се адресира тој проблем е да осигурате дека ако сакате нешто, пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е таа инфраструктура за транспорт“, порача Кругман во Скопје на првиот ден од СЕФФ.

Подобрувањето на инфраструктурата е еден од приоритетите на Владата на што упатува и високиот износ на капитални инвестиции предвидени и во Буџетот за 2022 и сега со неговите измени. Капиталните инвестиции се проектирани на 32,2 милијарди денари и се за 37,8 % повисоки во однос на претходната година. Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура како коридорите 8 и 10. Меѓу нив се делницата Тетово-Гостивар/проширување на автопат, изградба на автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, делницата Прилеп – Битола, делницата Ранковце – Крива Паланка и делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, автопатска делница Кичево – Букојчани и Кичево – Охрид. Предвидена е и изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, патната делница Штип – Радовиш итн.)

Темата на годинашното издание на СЕФФ е „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. На првиот ден учесниците, меѓу кои владини претставници од регионот, високи претставници на меѓуанродни финансиски институции, претставници на бизнисот, експерти и дурго дебатираа за фискалните и монетарните политики и регионалната соработка. Дебатата продолжува денеска на теми поврзани со зелена транзиција, инфраструктура, поврзаност и трговија, финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност, нови предизвици за добро владење и човечкиот капитал во 21-от век.

СЕФФ е замислен да функционира како платформа за дијалог на економски и финансиски теми. Целта да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе можат да се искористат во решавање на предизвиците со кои се соочуваме во моментов, но и решенија за подобра иднина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ