среда, 11 декември 2024

Сослушувањето заврши, на ред е пресудата за Манчестер Сити

Процесот на сослушување и презентирање на докази за случајот со Манчестер Сити е завршен, сега се чека пресудата.

Објавено на

часот

Сподели

Против Манчестер Сити има дури 115 обвинувања за кршење на финансиските правила на Премиерлигата.

За овој случај клубот ангажираше голема и скапа екипа на адвокати обидувајќи се да ги негира сите неправилности за кои се терети.

Сите се во исчекување на казната која ќе ја добие, се шпекулира од одземање на бодови, до исфрлање на тимот во понизок ранг. Некои се надеваат и одземање на претходно освоени титули.

Во Манчестер Сити се надеваат дека ќе поминат без казна.

Досега во историјата на англискиот фудбал немало друг ваков случај, поради тоа не може да се направи споредба за евентуалниот исход, има само желби и прогнози.

Советот не даде рок за донесување на одлуката, до соопштувањето на пресудата може да поминат и неколку месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ