Соработниците на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални велат дека сè уште немаат потврда за информациите дека политичарот починал во затвор.
„Федералната казнена служба (ФСИН) за автономниот регион Јамало-Ненец ја шири веста за смртта на Алексеј Навални во поправниот дом бр. 3. Во моментов немаме потврда за тоа. Адвокатот на Алексеј сега лета кон Карп. Штом ќе имаме некоја информација, ќе ја споделиме“, рече таа.
The Federal Penitentiary Service of Russia in the Yamalo-Nenets Autonomous Okrug is spreading the news of Alexey Navalny's death in IK-3. We have no confirmation of this yet. Alexey's lawyer is currently on his way to Kharp. As soon as we have some information, we will report on…
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) February 16, 2024
Навални почина во колонијата на арктичкиот затвор каде што отслужуваше 19-годишна казна, се вели во соопштението на руската федерална казнено-поправна служба.