Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.