Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 Целзиусови степени.
Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.