Вивек Рамасвами, кој беше кандидат на републиканските предизбори пред да се повлече и да го поддржи Трамп, рече дека „модераторите ја уништија оваа дебата“.
Тој се пожали дека не ги оспорувале доволно информациите презентирани од Камала Харис. „Ова беше срамота и мислам дека ова е без преседан“, истакна тој.
Републиканскиот сенатор Том Котон дели слично мислење, велејќи дека се работи за дебата „тројца против еден“. Тој ги обвини модераторите дека се здружиле со Харис против Трамп.
„Таа не планира ништо да направи. Одби да заземе став дали абортусот треба да се регулира во седмиот, осмиот и деветтиот месец. Тоа е затоа што има радикално левичарски став“, додаде тој.