петок, 4 октомври 2024
Корекција на изјавата на министерот Милков?

Софија не се меша во внатрешните работи на Македонија, вели бугарскиот технички премиер Донев

Објавено на

часот

Сподели

Донев, како што пренесе БТА, кажал дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права.

Според него, нормално е Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто, како што нагласил, не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ.

„Република Северна Македонија потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ го потпиша тој договор со сите земји членки“, рече Донев.

На прашањето дали Бугарија треба да стави повторно вето кон Македонија за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение, туку треба да се бара позитивен дијалог и патишта за да се приближат позициите. 

Во средата министерот за надворешни работи Николај Милков кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, на што македонското МНР иститот ден излезе со реакција, потенцирајќи дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија.

Вчера претседателот на Македонија Стево Пендаровски остро реагираше дека станува збор за скандалозна изјава на бугарскиот министер и дека „такви барања не упатуваат ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите кои ги окупираат“.

                                                                                                                     Фото: Влада на Бугарија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ