понеделник, 14 октомври 2024

Собраниската Комисија за труд и социјала ја започна расправата по предлог-измените на Законот за работни односи

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Комисијата Елмин Азири од Алијанса за Албанците ја отвори седницата и предложи да се изгласа дневниот ред, на што реагираше опозицијата со образложение дека претседателот треба да земе предвид дали дневниот ред треба да има измени или дополнувања пред да се гласа. 
 
Опозицијата забележа дека со седницата требало да претседава пратеничката Рашела Мизрахи, која е заменик-претседател.
 
Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ