вторник, 15 октомври 2024

Собраниска делегација од Македонија ќе ги зацврстува односите со Турција

Собраниска делегација од Македонија, предводена од спикерот Африм Гаши,  од денеска до 5 октомври ќе престојуваат во Анкара, Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Во состав на делегацијата се: Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, членовите на оваа група Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер Спасовски и Беким Сали.

Денеска делегацијата од македонското собрание ќе има средба со проф. д-р Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование.

Според собраниската прес-служба, за утре, 3 октомври, планирана е средба со проф. д-р Селим Аргун, вршител на должноста претседател за верски прашања, средба на Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Македонија и Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Турција, како и средба помеѓу делегациите со која ќе претседаваат претседателите на собранијата, Нуман Куртулмуш и Африм Гаши.

Во рамки на посетата предвиден е поздрав на претседателот Африм Гаши на пленарна сесија на Генералното собрание, средба со Кадир Озкаја, претседател на Уставен суд, средба со Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Република Турција и прием кај Реџеп Тајип Ердоган, претседател на Република Турција.

За в петок, 4 октомври, планирано е обраќање на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши пред студентите на Универзитетот Мармара, како и средба со граѓани на Македонија кои престојуваат во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ