На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, а претходно претставници на пратеничките групи од владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
И пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи се изјасни дека нема да гласа според препораките на неговата партија која гласаше за интерпелацијата.