За да се изгласа овој закон потребно е двотретинско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.
По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д. градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.
На предложениот дневен ред на седницата се предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други.
На дневен ред се и неколу закони во прво читање и годишни извештаи.