„Настапивме со една поспецифична програма, исклучително сложена и тешка за изведба, но тоа е она што во суштина ја прави нашата работа да биде интересна. Изведовме 12 новосоздадени композиции од композиторот Живојин Глишиќ коишто се базирани на македонскиот фолклор. Познати песни кои се народни се земени како основни и се аранжирани и преосмислени во едно ново руво, типично за композиторот Глишиќ. Со огромна енергија и задоволство ги подготвувавме композициите, напорни, но се голема духовна награда откако ќе се изведат како што треба. Се надевам дека оставивме силен впечаток кај публиката која беше присутна на концертот“, вели диригентот Татарчевски.
Професионалниот хор Про арс е формиран од страна на Татарчевски пред 12 години и обединува млади, мотивирани и вокално образувани хорски уметници.
Со концертот беше заокружен музичкиот репертоар на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.
Селекторката на музичкиот дел на фестивалската програма, Бисера Чадловска, на денешната завршна прес-конференција најави дека како селектор ќе и биде задача да се надмине за наредното фестивалско издание.
„Сметам дека изминатите 40 дена кажавме се што имавме да си кажеме за оваа година, ќе оставам делата да зборуваат, а нам како селектори ни поскавувам да се надминеме себеси идната година. На крајот на Фестивалот и последниот концерт што вчера се одржа на „Охридско лето“, да им заблагодарам на сите вработени во установата и ќе посакам да не држи овој ентузијазам за уште подобри проекти за следната година“, рече Чадловска