вторник, 15 октомври 2024
Драмски театар Скопје ја отвара театарската сезона

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот Рута

Во Драмски театар вечер, со премиера на претставата „Фирма“, почнува регионалниот театарски фестивал Рута. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште. Рута завршува со претставата  „Отело“ на театарот Улисис од Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Претставата „Фирма“ е во режија на Нела Витошевиќ, по текст на авторот Роланд Шимелфенинг, а играат, Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, додека изборот на музиката е на Нела Витошевиќ. „Фирма“ ќе биде на редовен репертоар на 13-ти и 14 октомври.

„Декамерон“ е во копродукција со Народно позориште Ниш, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, додека „Нора“ е во режија на Нела Витошевиќ. Претставата „Син“ ја режира Дино Мустафиќ, а автор е Флоријан Зелер. „Самрак на боговите“ е во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, додека за „Отело“ режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова. Поделбата на улогите за оваа претстава, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

„Драмски театар Скопје ја отвара театарската сезона со шеснаесеттата по ред Рута на која македонската публика ја има ексклузивната можност да проследи претстави направени во копродукција на повеќе театри и режисери од целиот регион. Поради големиот интерес на публиката пуштени се во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот“, информира Драмски театар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ