понеделник, 14 октомври 2024

Со помош на Јапонија Клиниката за детски болести ќе добие нов рентген апарат

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на ГГП програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја и директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Како што посочи денеска Таравари во своето обраќање пред потпишување на договорот, со овој нов мобилен рентген апарат, ќе се унапреди пристапот на најмладите пациенти до потребните дијагностички процедури.

Тој изрази благодарност до Амбасадата на Јапонија во нашата држава за соработката и континуираната поддршка која е во насока на зајакнување на капацитетите во нашиот здравствен систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ