вторник, 15 октомври 2024

Со молотови коктели ја гаѓале полицијата во Северна Ирска воочи посетата на Бајден (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фотограф на Ројтерс прикажа четворица млади во Креган, претежно националистичка област, како ги фрлаат овие домашно направени бомби врз оклопните полициски возила. Полицијата соопшти дека нема повредени и повика на смиреност.

„Нашите полицајци беа нападнати во Креган со молотови коктели и други предмети фрлени кон нивното возило… Засега нема повредени“, соопшти полицијата.

Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на мировниот договор од Велики петок, со кој во голема мера заврши тридецениското насилство во Северна Ирска. Мали групи кои се противат на мирот продолжуваат да предизвикуваат спорадично насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ