„Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР – Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја – садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети“, изјави за МИА, Ѓаковска.
Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица, поради кражба од нива.
„Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41 годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54 годишно лице од кавадаречкото село Ваташа“ информираа претходно од СВР – Велес.
Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.