петок, 27 септември 2024

Со доделување на наградата „Камера 300“ денеска завршува „Браќа Манаки“

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот за филмот „Убиј ги прво децата“ претпладнево ќе биде претставен на прес конференција во фестивалскиот прес центар, а потоа ќе се одржи предавање во чест на Свен Никвист чија ѕвезда, заедно со останатите вкупно 18 се поставени и откриени на „Патека на славните“ на Широк сокак.

Во текот на фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“ беа емитувани 67 филмови во повеќе натпреварувачки категории.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ