„По пријава на граѓаните, инспекторите на Општина Центар им наложија на сопствениците да го исчистат објектот кој беше потенцијален извор на зарази, а полицијата ги исели бездомниците. Општината го расчисти сметот пред објектот и направи дезинфекција.
Сопствениците ставија и ограда од лимени табли за да нема нови упади на лица кои можат да бидат закана по безбедноста на жителите кои живеат во соседството“, соопшти градоналалникот на Центар.