На видеото кое кружи на платформата Х се гледа како авионот вртоглаво паѓа на земја, по што следи густ облак од чад кој се издига од местото на несреќата.
Video footage is swirling of the aircraft crashing to the northwest of Moscow. Currently verifying the footage.https://t.co/B1l06JmFu7#Prigozhin #Moscow #AvGeek #Crash pic.twitter.com/o1mebJEkdz
— AviationSource (@AvSourceNews) August 23, 2023
Во извештајот на Росавијација, руската агенција за воздухопловство се наведува дека меѓу патниците бил и Пригожин, односно дека неговото име се наоѓа на списокот на патници.
Руските власти соопштија дека во падот на деловен авион во Русија загинале 10 лица, меѓу кои и шефот на платеничката група Вагнер.
The Russian Federal Air Transport Agency has announced that an Investigation has been launched to determine the “Cause” of the Aircraft Crash in the Tver Region which Killed all 10 Passengers onboard including Yevgeny Prigozhin. pic.twitter.com/1kguZWO4lr
— OSINTdefender (@sentdefender) August 23, 2023
Сведоците на несреќата слушнале силен тресок пред да го видат авионот како „паѓа од небо“.
Канал поврзан со Вагнер соопшти дека авионот бил соборен од противвоздушна одбрана, но тоа сѐ уште не е потврдено.
Но, извори блиски до него велат дека додека авионот му припаѓал, тој обично летал со друг авион, според неофицијалните податоци објавени од руските медиуми.
Пред само два дена, Пригожин објави видео, наводно направено во Африка, во кое ветува дека Русија ќе ја направи голема со распоредување на своите трупи на тој континент.
Поранешната кандидатка за претседател на Русија, Ксенија Собчак изјави:
„Моите извори известуваат дека авионот Ембраер кој му припаѓал на Евгениј Пригожин се урнал во Тверската област. Тоа се случило на 15 километри од Хотилово. Според нашите информации, во авионот имало тројца членови на екипажот и седум патници. „Не се знае дали Пригожин бил на бродот“, изјави Собчак, која инаку е близок човек на Путин.