Иновативниот концепт на куќиштето првично беше прикажан во 2020 година. Компјутерот се одликува со компактен облик, наликува на обувка од светски познатите брендови, иако не е обувка, а содржи хардвер за видеоигри, и е направено од пластика и метал.
„Сникер екс“ е достапен во различни конфигурации, односно избор на матични плочи „ITX Z790/B760“ за „Интел“ или „ITX X670/B650“ за „АМД“. Има две опции за меморија – со 32 или 64 гигабајти. Графичкиот процесор е „Нвидиа“.
Ова мало пакување јасно покажува дека врвните перформанси можат „да се спакуваат“ и во прилично помала форма.
Влезовите се наоѓаат на задната страна зад стилско капаче што лесно се отстранува. За поврзување со странични уреди може да послужат тн. УСБ-хабови или продолжени кабли. Цената на компјутерот „Сникер екс“ се движи од 3.499 до 4.499 евра.