вторник, 25 март 2025

Снег провејува на Попова Шапка и Буково, застој во сообраќајот нема

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираа од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според метеоролозите, во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според метеоролозите, во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег.

Како што најавуваат од УХМР, потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ