среда, 11 декември 2024

Смртноста на скопската Детска клиника годинава е помала од лани, тврди министерот за здравство

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека смртноста на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години.

Објавено на

часот

Сподели

„За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи. Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку е морталитетот на клиниката и генерално можам да кажам дека оваа година е многу помалку отколку минатите години. На сите директори им даваме шест месеци барем да раководат и затоа се в.д директори. Потоа ќе видиме, ќе одлучиме како ќе продолжиме“, истакна Таравари, одговорајќи на новинарско прашање дали како министер знае дека за еден месец има три смртни случаи на Детската клиника и дали ќе преземе нешто.

Таравари присуствува на вонредниот партиски конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, што се одржува под мотото „Промената продолжува“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ