Главно доаѓаат од територијата на Хрватска која пред една година стана дел од шенгенската зона. Околу 30 отсто од мигрантите се Авганистанци, 15 отсто се Мароканци, а девет отсто се Пакистанци. Бројот на руски државјани се удвоил од 1.816 на 3.675. речиси сите изразиле желба да поднесат барање за азил во Словенија, пред да го продолжат патот на запад и кон северот на Европа.
Словенија поради приливот на мигранти во октомври воведе контроли на својата граница, по примерот на други земји од Европската Унија. Полицијата бележи и сè почести обиди за преминување на нелегални мигранти од Словенија во Австрија преку зафрлени планински превои.
Хрватска по влегувањето во Шенген забележала пораст на пристигнувањата на мигранти во оваа година за 40 отсто во споредба со претходната, објави Франс прес повикувајќи се на податоци на хрватската влада. Во првите 11 месеци од минатата година, Фронтекс забележал повеќе од 355.000 преминувања на надворешните граници на ЕУ.