Словенците беа најпријатното изненадување на ракометниот турнир во Париз, но момците на Зорман вечерва немаа сила за ново изненадување, предоцна се разбудија и не успеаја да ја шокираат Данска.
Скандинавската селекција одлично го отвори мечот со 0-3, и го диктираше темпото во првиот дел, на пауза замина со пет гола предност (10-15).
Позитивната на Данска во вториот дел во неколку наврати се искачи и на +6, но Словенија не се предаде и полека почна да ја топи предноста на противникот.
Мечот влезе во драматична завршница, Ферлин му одбрани пенал на Хансен и Словенија доби напад за продолженија, но не го искористи и Данска со минимални 30-31 се пласираше во финале, каде ја чека пресметка со Германија за златото.