четврток, 30 мај 2024

Словачкиот премиер ранет во пукање, кабинетот соопшти дека е во животна опасност (ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет во пукање кое се случи претходно денес по седница на владата, пренесува Ројтерс. Кабинетот на Фицо соопшти дека словачкиот премиер е во животна опасност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Функционер на партијата СМЕР на Фицо потврди за британски Гардијан дека Фицо е застрелан во абдоменот и дека е на операција.

Премиерот на Словачка е префрлен во болница во Банска Бистрица, бидејќи требало премногу време за да стигне до Братислава.

Фицо бил во свесна состојба кога стигнал во болницата во градот Хандлови. Му биле третирани раните, а потоа бил превезен во установа „од повисоко ниво“.

Портпаролката на болницата во Хандлови соопшти дека животните функции на Фицо му се стабилизирани.

Портпаролот на словачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека може да се потврди дека на Фицо бил извршен атентат.

Како што јавува Ројтерс, на Фицо се испукани четири истрели, а еден го погодил во абдоменот.

Уапсено е едно лице за кое се сомнева дека е поврзано со пукањето.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди нападот на Фицо, нарекувајќи го брутален.

Словачката опозиција откажа собир кој бил закажан за денeс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ