среда, 6 ноември 2024

Словачкиот премиер: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент (ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо сугерираше дека ракетен напад на Брисел би можел да ја опамети Европската Унија, пренесува словачкиот портал Хлавни дневник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Некои членови на Европскиот парламент, со леснотија на пролетно ветре, зборуваат за ракети со среден дострел, ракети со долг дострел… Можеби една таква ракета би можела да разнесе фонтана во Брисел за да сфатат што зборуваат“, кажа Фицо.

Тој истакна дека во Европа, наместо обиди за прекинување на оружениот конфликт, се слушаат повици за негово продолжување.

Претходно Фицо веќе ја критикуваше дозволата која некои западни земји му ја дадоа на Киев да ја напаѓа руската територија со западно оружје со долг дострел.

Според словачкиот премиер, таквата политика укажува на нивна желба за ескалација на конфликтот, но Словачка нема да биде вовлечена во такви воени авантури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ