недела, 6 октомври 2024

Словачкиот премиер истакна дека украинските сили имаат нацистички ознаки, Киев гневно реагираше (ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека во Украина се борат „нацистички трупи“, но дека меѓународната заедница тоа не го забележува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сите зборуваме за фашизмот, нацизмот, а истовремено молчејќи го толерираме тоа што низ Украина итаат трупи кои имаат многу опасни ознаки, поврзани со проекти кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие никому не пречат“, кажа Фицо за време на посетата на Музејот на холокаустот во словачкиот град Серед.

Фицо истакна дека светот е полн со лаги бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси кои ја навредуваат позицијата на жртвите на холокаустот и расното насилство“.

„Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат трупи кои користат нацистички ознаки и кои често се однесуваат во согласност со тоа“, додаде словачкиот премиер.

Министерството за надворешни работи на Украина порача дека Киев е разочаран од изјавата на премиерот на Словачка Роберт Фицо за војниците на оружените сили на Украина, кои, како што се наведува, „се косат со постоечкото ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“. Се оценува дека украинските војници во моментов ги бранат своите блиски, домовите и земјата, „како и цела Европа и слободниот свет од руските освојувачи, означени со буквата „Z„, симболот, како што сметаат, „на фашистичката естетика на современа Русија“.

„За Украинците спротивставувањето на руската агресија е продолжување на историјата на отпорот на нашиот народ на тоталитарните режими во минатиот век“, се истакнува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ