Поранешниот судија, кој од 2019 е пратеник во Европскиот парламент, зборуваше пред неколку дена за војната во Украина, која ја нарече „војна против Словените“.
Тој констатираше дека никој не зборува за мир, туку само за дополнително вооружување на Украина, прашувајќи дали постои план Б доколку Русија не ја загуби војната, како што упорно тврди Западот.
„Во врска со самитот ЕУ-Украина, имам прагматично прашање: сите сте уверени дека заедно со САД ќе ја победиме Русија. Но дали имаме и алтернатива Б? А што ако не ја победиме Русија? Досега во историјата тоа никому не му успеало. Што потоа ќе се случува? Како Словак и Словен, сакам да ги прашам нашите западноевропски пријатели: вашите татковци и дедовци убија околу 20 милиони Словени – Руси, Украинци, Белоруси, Срби… и како бонус шест милиони невини Евреи во борбата против Русија за време на Втората светска војна“, порача словачкиот европратеник.
„Што мислите, колку Украинци и Руси ќе бидат убиени пред оваа војна да заврши? Но веројатно не ви е грижа. Тоа едноставно го имате во гените. Престанете со лудилото, бидејќи на крајот ќе се задушите во словенска крв. Да преговараме за прекин на непријателствата, да преговараме за мир! А изговорите – Хитлер, Путин, Наполеон – се неприфатливи. Во спротивно, сите меѓусебно ќе се испоубиеме, како зајаци“, заклучи Радачовски.