Во последниот натпревар од 3. коло во Премиерлигата, Ливерпул му одржа лекција на Манчестер јунајтед и славеше со 0-3.
Гостите поведа во 35. минута од мечот, се тргна од една пресечна топка на Гравенберг, за Салах да му асистира на Диаз за 0-1.
Пред финишот на полувремето следуваше мат на сличен начин, Касемиро поново погреши а Салах го проигра Диаз, кој сега со нога ја затресе мрежата на Онана за 0-2.
По десетина минути игра во вториот дел, Ливерпул казни уште една грешка, Мекалистер одзеде топка, а Собослаи му асистираше на Салах за 0-3.
Со овој триумф, Арне Слот испиша историја и стана првиот по Боб Пеjсли во 1975 кој го добил првиот натпревар против Манчестер јунајтед како тренер на Ливерпул, и првиот по Џорџ Кej во 1936 кој го добил првиот натпревар против Манчестер јунајтед на Олд Трафорд.