вторник, 15 октомври 2024

Слога пром – 33 години успешна работа на пазарот во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Денес Слога пром претставува модерна компанија на пазарот во Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна, вклучувајќи ги HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите.

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога и брендот Royal Veggies  е 21. Под брендот „Слога“ се нуди риба, пилешко, свинско и говедско месо, додека под брендот Royal Veggies се нуди замрзнат зеленчук. Понудата од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла) вклучува околу 160 производи.

Слога пром во 2017 година инвестираше во нов капитален објект – ладилник со јавен царински склад, составен од три дела и 4.700 м2 расположлива површина.

Преку  општествено одговорната практика, Слога пром континуирано овозможува подобри услови за вработените и за нивните семејства како и за заедницата во целост, таков последен новитет е отворањето на тениско игралиште лоцирано во кругот на самата компанија и формирањето на Тениски клуб Слога.

                                                                                                                                          Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ