Веднаш по борбата, Гого на социјалните мрежи објави статус.
„За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив! Светски успех!“, напиша Славески.
Тој по мечот изјави дека со победата е остварена историја.
„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, изјави Славески.
Гого Славески кој има 28 години е пораснат во Скопје, во Ѓорче Петров, а последната деценија живее во САД каде среќата ја бараше прво како професионален боксер, а во последно време во борбите со голи раце каде се пронајде и се етаблира во еден од најдобрите.