„Покрај сите компликации што може да ги донесе овој закон, како во краткорочна, така и во долгорочна перспектива, истиот ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, бидејќи во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе треба да плаќаат екстра данок, што дополнително може да ја стимулира неформална економија.
Правната и економската сигурност на домашните компании или странските инвеститори во голема мера зависи од способноста на институциите да изнајдат правични и разумни решенија во време на криза, а во овој случај, решенијата за излез од истата не треба да паѓаат врз грбот на бизнисите, кои се уште не можат да се закрепнат од последователните кризи.
СКСЗМ, останува во ставот дека овој закон не треба да се донесе и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата“, се вели во соопштението.
Фото: Архива