Како што информираат од „Комунална хигиена“ – Скопје, подигнати се приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната станица на автобусот 59, во непосредна близина на Градските гробишта Бутел.
Екипиите чителе и на улиците Прохор Пчињски и Струмичка во општината Чаир, каде се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад.
Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден, велат од претпријатието.