среда, 11 декември 2024

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 2 октомври 2024 година, кога на улица Ѓурчин Кокале во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило мини и при извршен претрес, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 милилитри хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги…

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоеше сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај. На 7 ноември 2024 година извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода.  На 8.11.2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ