„На 15.04.2023 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул.„Партизански одреди” го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот“, соопшти МВР.
По документирањето на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.