вторник, 8 октомври 2024

Скопјанец во косовско ауди возел мигранти па се обидел да ѝ избега на полицијата

Скопјанец е приведен откако со ауди со косовски таблички се обидел да ѝ избега на полицијата. За време на бегството во еден момент застанал за да избегаат мигрантите кои ги превезувал.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 21 часот во близина на хотел во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје. Околу 20 часот во близина на селото Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото марка ауди со косовски национални ознаки кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот Јаворица ги истоварил мигрантите. Потоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21 часот бил запрен и лишен од слобода.

По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ