вторник, 15 октомври 2024

Скопјанец прелажал тетовец, му ги зел парите, а не му го испорачал ветеното железо

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. Полицијата се сомнева дека на 15 февруари 2024 година, пријавениот контактирал градежник, лажно се претставил како човек од друга фирма и му понудил компензација на железо.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Тие се договориле и на денот на доставата оштетениот му ги дал парите на друго лице, по што заминал да го земе железото. Меѓутоа, возачот на камионот му кажал дека не може да му го даде железото додека не му плати, по што сфатил дека е измамен и настанот го пријавил во полиција“, се наведува во билтенот на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ