вторник, 8 октомври 2024

„Скочко“ мед за потенција добиле деца од карате клуб од градоначалникот на Инџија

„Фрушкогорски скочко – радост во куќата“ е медот препорачлив за  потенција кај мажите што градоначалникот на српскиот град Инѓија им го подарил на деца од карате клуб. Медот е автентичен производ на здружението на жени „Банстолка“, пишува на интернет страницата на Општина Инѓија каде е наведено дека овој мед влегол во финалето на конкурсот за најдобар производ на малите произведувачи „И ние вкусови за трка имаме“.

Фото: Општина Инѓија

Објавено на

часот

Сподели

На прием што го одржал градоначалникот Владимир Гак, меѓу подароците за децата од карате клубот Сенсеи имало и од медот за потенција  „Фрушкогорски скочко – радост во куќата“, пишува локалниот портал Ин медиа од Инѓија.

Гак му вети поддршка и помош на карате клубот, а заедно со ветувањата на децата им беа поделени и подароци во брендирани чанти на локалната самоуправа.

Ништо немаше да биде толку необично, тврдат родителите, доколку во содржината на кесата не го пронашле потентниот мед „Фрушкогорски скочко“, пишува порталот.

Се додава дека во локалната самоуправа не знаат чија била идејата на децата да им се дава мед за потенција, додека поранешните членови на кабинетот на претседателот на општината изјавиле дека содржината на подароците e избор на кабинетот на градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ