Во објава на својот канал на Телеграм, Сирски тврди дека се уништени ловци-бомбардери Су-34 и Су-35, без да ја открие областа каде биле соборени руските авиони, пренесува Ројтерс.
Официјален Киев вчера соопшти дека украинските сили за воздушна одбрана собориле три руски Су-34 и еден Су-35 на истокот на земјата.
„За само три дена непријателот загуби шест авиони“, објави денеска на Телеграм Александар Пављук, новиот началник на украинските копнени сили.
Русија не ги коментираше овие тврдења на официјален Киев, а Ројтерс не бил во можност да ја потврди точноста на соопштението од украинската страна.