петок, 24 јануари 2025

Сириски авиони извршија напад врз конвој терористи (ВИДЕО)

Авионите на сириските воздухопловни сили извршија серија напади врз конвој оклопни возила на милитантите на автопатот М-5 Алепо-Дамаск, спречувајќи нивна офанзива, изјави извор од армијата на оваа земја, пренесува РИА Новости.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Сириски авиони извршија неколку напади врз конвој оклопни возила на терористите, кои имаа намера да извршат офанзива и го уништија возилото“, изјави соговорникот за агенцијата.

Околу 300 екстремисти се елиминирани во Сирија за еден ден во нападите на руската авијација, која ѝ помага на сириската влада, соопшти денеска руската армија.

Заменик-командантот на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, Олег Игнасјук изјави дека сириската армија одбива терористички напади со помош на руската авијација, пренесува Интерфакс.

Тој додаде дека продолжува операцијата за борба против екстремистите.

Според него, ситуацијата во Сирија продолжува да ескалира откако терористичката група Џебхат ал Нусра и другите вооружени групи започнаа заедничка офанзива против позициите на сириските владини сили во провинциите Алепо и Идлиб.

Русија спроведува воена операција во Сирија од крајот на септември 2015 година.

Вооружениот конфликт во Сирија трае од 2011 година. Откако војската го ослободи поголемиот дел од земјата, во пустинските области на север и североисток дејствуваат расфрлани групи терористи.

Милитантите повремено напаѓаат цивилни и воени возила на автопатите и ги тероризираат жителите на оддалечените села. Сириската армија продолжува со активните насочени операции за елиминирање на преостанатите милитантни групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ