Синер и Медведев одиграа чуден меч со четири сета кои не беа неизвесни. Италијанецот го доби првиот сет со 6-2, а потоа рускиот тенисер возврати со 6-1 за израмнување на 1-1.
Следуваше убедлив сет на Синер со 6-1, четвртиот го доби со 6-4 за победа од 3-1 во сетови и пласман во полуфинале.
Таму ќе игра против Британецот Дрејпер кој одигра фантастичен меч и со 3-0 го совлада Де Минор. Беше 6-3, 7-5 и 6-2.
Другата полуфинална пресметка е мечот меѓу Фриц и Тиафо.