вторник, 8 октомври 2024

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг

Рекетот број еден на АТП листата, Јаник Синер слободно може да продолжи да игра тенис откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не поднесе жалба на одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Објавено на

часот

Сподели

Синер двапати падна на допинг тест, двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но вината ја префрли на неговите физиотерапевти. Наводно еден од нив користел спреј поради здравствени причини кој содржел и клостебол, па прскајќи се во истата соблекувална во која бил и Синер, супстанцата ја примил и Италијанецот, таа била во многу мали количини.

Ваквата жалба му помина на Синер, па Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди во негова полза и не му беше изречена суспензија. Сега откако и Светската антидопинг агенција (ВАДА) реши да не поднесе жалба на одлуката на судот, Синер и дефинитивно нема да добие суспензија.

Изминатиот викенд Синер триумфираше на УС Опен, ја освои неговата прва титула на овој турнир, а втор грен-слем трофеј вкупно во кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ