Најубавите зимски отворени базени се привилегија само на луксузните зимски одморалишта. Но во некои од нив може да се ужива и ако не сте гостин на хотелот. Се разбира, тоа ќе ве чини повеќе од една добра вечера во добар ресторан. Ама вреди да се проба.
Изграден во 1913 година, луксузниот хотел „Гштад палас“, во истоименото скијачко гратче Гштад, го има најубавиот зимски отворен базен во Швајцарија, од ноември до мај. Доцна навечер базенот се претвора во бина за танцување.
Најубавото скијачко одморалиште се наоѓа, за жал, малку подалеку од Европа. Во Јута, САД. Станува збор за иконската т.н. снежна птица, односно за „Сноубрд ски ресорт“. Гордост на одморалиштето е базенот изграден во 1973, кој во доцните 80-ти е реновиран и проширен. Погледот на отворената околина е незаборавен. Базенот е отворен во текот на целата година, од 8 до 22 часот.
Уникатен затоа што е издигнат на самата планина, околината не е луксузна, но природата е вознемирувачки убава. Во потполна тишина навечер во топлата вода може јасно да ги гледате ѕвездите. Скијачкото одморалиште „Портило“ е мошне изолирано, но затоа им е добро познат на оние што тука си го бараат мирот, а притоа имаат екстра пари за „купување“ спокојство. Многумина би кажале дека токму овој базен, кој се наоѓа во Чиле, е најспектакуларниот зимски отворен базен во светот. Веројатно имаат право.
„Снејк Ривер Лоџ енд Спа“ се наоѓа во Ваоминг. Освен спа-третмани, масажи, забави по скијање…, по кои ова одморалиште е славно, тоа скромно го рекламира својот базен, кој изгледа дека вреди повеќе од сè друго за релаксација.