среда, 4 декември 2024

Силно невреме, поплавени улици во Шпанија (ФОТО+ВИДЕО)

Нема повеќе црвени тревоги во ниту еден регион на Шпанија, во сила е само портокалова тревога во западниот дел на Андалузија и на брегот на Валенсија, каде што се очекуваат дополнителни смирувања на предупредувањата. Но, во текот на ноќта, службите за итни случаи беа во акција додека низ улиците се слеваа порои вода.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Валенсија сѐ уште се работи на санирање на штетите по поплавите на крајот на октомври, во кои загинаа над 200 луѓе. Иако се очекуваше обилните дождови да донесат големи проблеми и во изминатите денови, сепак најпогодените подрачја забележаа нешто послабо невреме и помало количество дожд.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Најмногу се евидентирани во Малага, 22 лица се спасени на различни локации.

Десетици летови се одложени откако силната бура со силен ветер и дожд ја погоди популарната шпанска туристичка дестинација Коста дел Сол.

Илјадници жители се евакуирани долж реката Гвадалхорсе западно од Малага поради високиот ризик од поплави, додека болниците се поплавени; медицинскиот персонал беше фотографиран како чекори низ вода во ходниците на одделенијата.

Шпанските власти ги советуваа патниците што летаат на аеродромот во Малага и на аеродромот Ел Прат во Барселона пред да патуваат да проверат со своите авиокомпании дали има ажурирања за летовите.

Фото: ЕПА

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ